Најчесто поставувани прашања

Што е соларна енергија?

Соларна термална енергија се произведува со ефект на сончевите зраци. Тие емитуваат одредени зрачења кои стигнуваат  на површината на Земјата. Овие зрачења може да се користат за греење, со помош на термални колектори, или за производство на електрична енергија, со помош на фотоволтаични модули (активен начин на користење на сончевата енергија).
Овој вид на енергија, исто така, може да се користи на пасивен начин, односно без механички систем како посредник. Пасивниот начин на искористување на сончевата енергија е основа за bioclimatic architercture, која се состои во користење на сончевата светлина во домовите, проучувајќи ја нивната идеална локација, со цел да ја користат топлината од сонцето.

Што добиваме со соларна енергија?

Во суштина, со собирање на сончева радијација на соодветен начин, можеме да добиеме топлина ,електрична енергија, како и осветлување. Топлина се добива со помош на термални колектори, а електрична енергија со помош на т.н. фотоволтаични модули. Двата процеси се сосема различни во поглед на технологијата, исто така и во однос на нивната примена.

Кои се предностите на користењето на соларната енергија?

Тоа е еколошки извор на енергија (не ја загадува околината ), неисцрпна и слободна. Покрај тоа, таа придонесува за одржлив развој и подобрување на нашиот животен стандард, и претставува друга опција во однос на употребата на фосилните горива, кои  загадуваат и се конечни.

Што е соларен термален систем?

Грубо зборувајќи, тоа е систем кој овозможува топлината на сонцето да се користи за затоплување на вода или друг флуид. Овој систем може да придонесе за загревање на 80% од водата која е потребна во домаќинството.  Се состои од колектор (често се наоѓаат на покривот на куќата), резервоар за складирање топла вода ( бојлер ) и систем од цевки кои овозможуваат проток на флуидот што ја загрева санитарната вода, која подоцна  се користи во куќата.

Како функционира?

Во соларниот систем одредена течност струи меѓу колекторот и посредникот. Оваа течност се загрева во апсорберот на колекторот, а понатаму ја предава топлината на водата која е во бојлерот.

Колку топлина може да даде еден колектор?

Интензитетот на сончевото зрачење не е константен во текот на целата година. Иако во летните месеци до колекторот доаѓа сончево зрачење поголемо од 1000 W/m2, истото во целост не може да биде искористено. Поради загубите во колекторот, цевоводот, изменувачот  итн, на водата која се загрева во бојлерот од колекторот и се предава одприлика 600 W/m2. Со други зборови, еден колектор на Еуротерм, на водата во бојлерот би предал околу 1500 W. Ова важи за летен сончев ден.

Дали новите колектори ќе влијаат на мојата вообичаена потрошувачка на топла вода?

Со рационално користење на топлата вода, генерирана од овој систем, поголемиот дел од времето, не би требало да се користи  догревање на бојлерот со додатна енергија. Сепак, поголема потрошувачката на топла вода би го изладила бојлерот  и, во тој случај ќе мора да догрееме со секундарен систем (котел, геотермална пумпа, електрична енергија, итн.)

Каква треба да биде мојата куќа за да се инсталираат колектори со овие карактеристики?

Да почнеме со тоа дека треба да имате минимум површина за да се инсталира колектор (повеќе од 5 квадратни метри). Колекторите се поставуваат со одреден наклон и ориентација (најчесто на југ). Областа каде што сакате да ги инсталирате колекторите не смее да биде блокирана од објекти кои ги засенуваат.

Дали постои одреден “шаблон” за одредување на потребниот број на колектори, односно димензионирање на системот?

Не. Соларниот систем се димензионира во однос на поголем број фактори кои влијаат на неговото функционирање. Сите нив проектантот ги зема во предвид и ги користи во понатамошно пресметување и обликлување на системот.  За соларните системи кои користат колектори на Еуротерм, ориентациона вредност може да се добие со помош на калкулаторот кој е поставен на нашата интернет страна.

Кои се обврските за одржување на овие инсталации?

Соларниот  систем речиси е само - одржлив. Сепак, исто како  со вашиот автомобил, добро би било да му се изврши редовна проверка. Најчесто се проверува соларниот флуид – гликол, чиј век на траење , во зависност од работата на системот, се движи во граници од 2 до 4 години. Не постои ризик за кршење на колекторите и стаклото при  силни ветрови или град (со исклучок на временски непогоди и катастрофи). Надворешната покривка е направена од калено соларно стакло, слично на онаа што се користи кај ветробраните на автомобилите. Поради тоа, потребата од одржување е минимална.

Што се случува со опасноста од замрзнување?

Флуидот кој тече низ колектори не е вода, односно колекторскиот круг е исполнет  со еколошки антифриз - гликол, така што системот е издржлив на ниски температури. Понатаму, овој топлино носител ја пренесува топлината на водата што ја консумираме. Накратко, не постои ризик од замрзнување.

Дали ќе имам топла вода за време на облачен или врнежлив ден?

Колекторите не само што  апсорбираат директно, туку и дифузно сончево зрачење. Овие видови зрачење ги има, како во сончеви така и во облачни денови. Секако, за врема на облачен ден, директната радијација е помала, и помалку ќе биде преземена од страна на колекторот. Како и да е, Македонија има идеални услови во однос на просечниот број на сончеви часови така што, во принцип, нема да има никаков проблем да имате топла вода десет до единаесет месеци во текот на годината.

Кои се трошоците?

Не постојат трошоци (освен инвестиционите). За соларниот систем не се потребни трошоци за одржување. Сончевото зрачење е бесплатно и освен тоа, не ја загадува околината.

За што може да се користи соларниот систем?

За добивање санитарна топла вода или за загревање на базени. Исто така, во комбинација со термоакумулационен бојлер , загреаната вода може да се користи за подршка на централното греење, секако со поголеми инвестициони вложувања.

Што се случува ако не е сончево?

Во бојлерот има додатен извор на енергија, односно изменувач за котел,електричен греач или сл. Меѓутоа, по повеќе од три облачни денови, доколку немало потрошувачка на вода, само 90 минути на сонце, се потребни за водата да се загрее до температурата што ја имала пред исклучувањето на пумпата ,на пр.85 ºC.

Колку време има топла вода без сончеви денови?

Температурата во бојлерот се спушта за 10 º C, по 72 часа без сонце.

Loading...

 Close

Click to enlarge