Известување

Поради одредени злоупотреби на брендот Еуротерм, ги молиме нашите клиенти при купувањето на сончеви колектори да посветат внимание на следниве карактеристики на нашите производи.

Колекторите на Еуротерм се спакувани во картонска амбалажа со лого од Еуротерм и декларација со спецификации за производот.

Во пакувањето се наоѓаат упатство за монтажа со гарантен лист потпишани и заверени од страна на Еуротерм, како и 4 плочки за странично прицврстување и 2 анти слип заштити.

На колекторот странично е поставена идентификациона таблица со наведени спецификации и баркод на производот.

Површината на колекторот е 2,5 m2 и димензиите на нашиот колектор се 1159x2149 mm.

Предупредуваме дека постојат производители кои користејќи го синонимот "прилепски колектори" пробуваат да создадат илузија дека се работи за производите на Еуротерм.

Еуротерм е првиот производител во Р.Македонија, кој го воведе SOLAR KEYMARK сертификатот за квалитет.

Ви благодариме на довербата.

Loading...

 Close

Click to enlarge