Јавен оглас на Министерството за економија

Минстерството за економија со цел за стимулирање на користењето на сончевата енергија во Република Македонија, определи средства во вкупен износ од 6.000.000,00 денари ќе се користат за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30 %, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност по домаќинство за 2014 година, кои ќе ги купат и вградат во своите домови по денот на објавувањето на овој оглас заклучно со 31 мај 2014 година.

Надоместокот на дел од средствата за купени сончеви термални колекторски системи ќе го остварат само лицата кои:
- имаат купено и вградено во своите домови колекторски систем по денот на објавувањето на Јавниот оглас до завршување на Јавниот оглас од дел IV на оваа програма, што се докажува со документација од став 2 на овој дел.
- го немаат искористено правото на поврат на дел од средствата за обезбедување и вградување на сончеви термални колекторски системи во својот дом врз основа на претходните јавни огласи на Министерството за економија за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи објавени во 2007, 2009, 2011, 2012 и 2013 година, што се докажува со документација од став 2 на овој дел.

Во месец јуни ќе следува јавно извлекување на добитниците. За времето на извлекувањето Министерството за економија ќе даде Соопштение кое ќе биде објавено во три дневни весници и на национална телевизија со кое сите баратели ќе бидат поканети на јавниот настан.

Јавниот оглас во PDF формат - превземете го тука.

Образец за барање во PDF формат - превземете го тука.

За подетални информации Ве молиме да се обратите во најблиското продажно место на ЕУРОТЕРМ или на email solar@euroterm.com.mk

Еуротерм - Скопје

Адреса:
16-та Македонска бригада б.б.
- спроти ресторан ДОРЈАНА,
1000 Скопје, Македонија

Телефон/Факс:
+389 2 3 171 914
prodavinca-skopje.jpg
   

Еуротерм - Битола

Адреса:
4-ти Ноември б.б.
7000 Битола, Македонија

Телефон/Факс:
+389 47 231 600
prodavinca-bitola.jpg
   

Еуротерм - Прилеп

Адреса:
Леце Котески 50,
7500 Прилеп, Македонија

Телефон:
+389 48 419 415
prodavnica-prilep.jpg
   
Loading...

 Close

Click to enlarge