Техничка поддршка

Притисокот во системот континуирано се намалува

не
Дали вентилот под автоматскиот воздушен
вентил е затворен - (црт.1).
да
 

Затворете го и зголемете го притисокот
(препорачан работен притисок – 3 bar ).

да
Соларниот флуид истекува од сигурносниот вентил.
не
 

Дефектен експанзионен сад.

Експанзиониот сад е исклучен од системот.

Експанзиониот сад е неправилно димензиониран – мал. Повторна пресметка. Инсталирајте додатен ако е потребно.

Предпритисокот во експанзиониот сад е премногу висок (низок).

Притисокот во системот е премногу висок (ако е потребно редуцирајте го).

Неправилно димензиониран сигурносен вентил (премногу низок притисок – на пр. сигурносен вентил од 3 bar, а потребен е од 6 или 8 bar). Заменете го.

не
Дали соларниот круг е херметичен.
(Проверете ги сите споеви на херметичност).
   

Испразнете го системот, корегирајте ги лошите споеви. Повторно наполнете го и обезвоздушете го системот.

Колку подобро системот е обезвоздушен, толку помал ќе биде бројот на грешките предизвикани од присуство на воздух во системот .
Обезвозддушувањето најдобро се остварува со пумпање на соларниот флуид  низ соларниот систем  и низ еден резервоар исполнет со истиот флуид, се додека престанат да излегуваат меурчиња.
■ Варијацијата на притисокот од 1-2 bar, поради температурните разлики во текот на работата на системот е нормална.
■ Притисокот во системот не треба да се намали под вредноста на статичкиот притисок
+ 0.5 bar. Во спротивно можно е создавање на  вакуум во горните делови на соларниот систем, односно се создаваат услови за вовлекување на воздух во истиот.


цртеж 1

Има сончево зрачење, но пумпата не работи

не
Дали дисплејот на автоматиката е активен
(осветлени LED).
да
 

Автоматиката нема напојување.
Проверете го кабелот и осигурувачите.

да
Постигната е максимална температура во бојлерот.
не
 

Провери ја максималната температура на бојлерот во подесувањата на автоматиката.

Препорачани:
  ■ Бојлер  -  tmax = 60°C ( црт. 1 )
  ■ Buffer  -  tmax = 90°C ( црт.2 )

(Ако е потребно корегирајте ја).

да
Дали пумпата работи ако ја вклучиме мануелно.
не
 

Диференцијалната температурна разлика е премногу висока (Препорачано: Δt = 5 ÷ 8 °C).
Проверете ја!

Температурниот сензор – сонда е неисправен или лошо поставен.

да
Дали автоматиката ја вклучува пумпата.
не
 

Пумпата е блокирана!

Осовината на пумпата е блокирана. Провртете ја осовината (без електрично напојување).

Во пумпата има нечистотии. Исчистете ја.

Ако нема ефект, заменете ја пумпата.

Неисправна автоматика.

Други причини:

  • Бојлерот е загреан, но не е постигната максималната температура. Сончевото зрачење не е доволно за да се постигне потребната диференцијална температурна разлика за вклучување на пумпата. Однесувањето на системот во овој случај е задоволително.


цртеж 1


цртеж 2

Температурната разлика меѓу колекторот и бојлерот е премногу висока

не
Дали пумпата работи.
да
 

Дали во бојлерот е постигната максималната температура.

Препорачано:
  ■ Бојлер  -  tmax = 60°C
  ■ Buffer    -  tmax = 90°C

Да.    Функционирањето е нормално.
Не. Проверете ги подесувањата на автоматиката.  Ако е потребно корегирајте ги.
Дали пумпата работи.
Не. Проверете ги пумпата и контролерот (таб. 1.2)

не
Дали на мерачот на проток се отчитува проток.
да
 

Воздух во системот. Обезвоздушете го системот.

не
Дали протокот е задоволителен:
- Препорачан проток за колекторите на Еуротерм ESK 2.5 SB
  ■ High flow системи: Q = 40 l/h/m²
  ■ Low flow системи:Q = 10 ÷ 15 l/h/m²
да
 

Зголемете го протокот.

да
Температурата на поврат е скоро еднаква на онаа на потис.
не
 

Изменувачот на топлина е блокиран или е мал.

Проверете ги конекциите:
  ■ Топла – горе
  ■ Ладна – долу

Температурна разлика:

  • High flow системи: Δt = 10 K
  • Low flow системи: Δt = 30 K

Пумпата работи, но на мерачот на проток не се отчитува проток

не
Дали сите вентили се отворени.
да
 

Отворете ги и осигурајте се во понатамошното нивно непречено функционирање.

да
Воздух во системот (најверојатно).
Обезвоздушете го системот.
Дали се отчитува проток на мерачот на проток ( црт.1 )?
не
 

Проверете го притисокот во системот.

да
Блокиран фаќач на нечистотии.
не
 

Исчистете го.

да
Блокиран неповратен вентил ( се препорачува употреба на неповратни вентили со пружини – црт.2 )
   

Заменете ја.

Обезвоздушувањето, поради ризик од формирање на пареа во време на висока сончева радијација, треба да се направи ако е можно рано наутро или доцна попладне. Постапката за обезвоздушување на системот е како што следува :

  1. Отворете ги сите вентили.
  2. Зголемете го притисокот во системот со помош на пумпа за полнење.
  3. Во работата на пумпата додадете кратки пулсирачки периоди со максимална снага.
  4. Доколку е потребно отворете ја завртката на пумпата, испуштете го воздухот и повторно затворете ја.
  5. Затворете ги сите вентили (под автоматските воздушни), по успешно обезвоздушување.


цртеж 1


цртеж 2

Tемпературата на водата во бојлерот многу се намалува преку ноќ, иако нема потрошувачка на топла вода

да
Дали пумпата работи ноќе.
не
 

Проверете го функционирањето на автоматиката и сензорите – сондите.

да
Температурата во колекторите ноќе е повисока од амбиенталната температура.
не
 

Проверете ги неповратните вентили на потис и поврат.

да
Термалната изолација на бојлерот е недоволна.
не
 

Појачајте ја термалната изолација.

не
Дали изолацијата е добро прилепена на ѕидовите од бојлерот.
да
 

Прилепете ја коректно.

не
Дали сите приклучоци се изолирани.
да
 

Изолирајте ги.

да
Циркулационата пумпа работи предолго.
не
 

Корегирајте ги подесувањата во автоматиката.

да
Исклучете ја пумпата и затворете го вентилот од водовод. Дали загубите во бојлерот се помали?
не
 

Исчистете ги неповратните вентили (ако е потребно сменети ги).
Дали загубите во бојлерот се помали?

Природна циркулација во линија е премногу силна.
Инсталирајте појаки неповратни вентили или инсталирајте електромоторен вентил после пумпата.
Електромоторниот вентил е отворен додека пумпата работи. Во спротивно е затворен.
Електрично паралелно поврзете ја пумпата и електромоторниот вентил. Пуштете ја повторно.

Системот функционира нормално, но температурата во бојлерот е ниска

не
Дали добро е димензионирана цевната мрежа (Таб.1).
да
 

Да се провери и да се корегира.

не
Дали е добро и целосно изолирана цевната мрежа.
да
 

Да се изолира комплетно.

да
Дали е оштетена изолацијата која е изложена на надворешни влијанија (се препорачува истата да биде обложена со алуминиумски лим).
не
 

Да се корегира. Се користи изолација со заштитен слој против UV зраци и механички влијанија или поставената изолација се опшива со алуминиумски лим.

не
Дали комплетната арматура е добро изолирана.
   

Изолирајте ја.

 

Број на колектори Проток   Димензија на цевки
/ l/h mm
1 120 15 x0.7
2 240 15 x 0.7  (18 x 0.7)
3 360 18 x 0.7
4 480 22 x 0.8
5 600 22 x 0.8
6 720 22 x 0.8
7 840 28 x 0.8
8 960 28 x 0.8

Заштита од прегревање при стагнациона температура

Според Европскиот стандард EN 12976 соларниот термален систем потребно е да биде дизајниран на таков начин што пролонгираната сончева ирадијација без искористување на топлината не смее да предизвика било која ситуација која бара од корисникот понатамошна специјална акција за да го врати системот во нормално функционирање.
Системот може да се заштити од прегревање на еден од следните начини:

  1. Во бојлерот е постигната максималната температура од 60оC, а и понатаму постои сончево зрачење.  Исклучувањето на пумпата овозможува флуидот во колекторот да се загрее до стагнациона температура и да почне да испарува. Флуидот експандира во добро димензионираниот експанзионен сад. Важно е да се напомене дека испарениот соларен медиум не смее да излезе низ автоматскоит вентил за воздух. Ова го овозможува вентилот пред  автоматскиот воздушен вентил, кој е затворен.

На сликата е прикажана ситуацијата, каде флуидот во услови на стагнација би достигнал точка на вриење, која е во зависност од притисокот на системот.

Експанзиониот сад треба да биде добро димензиониран за да го прифати волуменот на флуидот кој е истиснат од колекторот за сметка на формираната пареа. Во спротивно, наголемувањето на притисокот би предизвикало активирање на сигурносниот вентил со што би се намалил притисокот во системот по подладувањето. Притисокот на сигурносниот вентил треба да изнесува од 6 до 8 bar.

  • Пресметка на мембрански (затворен) експанзионен сад:

Најнапред го одредуваме волуменот на системот:

  VA = VIT + VP + VK + VCM

  VIT – изменувач
  VP – пумпа
  VK – колектори
  VCM  - цевна мрежа

Предпритисокот на експанзијата се пресметува по следната формула:

  P0 =(hstat/10) + Pd

  Pd – притисок на парата на гликолот
  hstat – статичка висина на колекторите

Потребниот номинален волумен на експанзиониот сад изнесува:

  Vn,min =  (n × VA + VK + 0.1 × VCM) × (Pe +1)/ (Pe – P0)

  Pe – краен притисок во експанзијата

  Pe = 0,9 x Psv

  Psv –притисок на кој реагира сигурносниот вентил

Погоре прикажаниот начин на работа на соларниот термален систем претставува функционирање во услови на континуиран стрес. Со други зборови ако стагнацијата односно создавањето на пареа се случува фреквентно, соларниот флуид би се деградирал (губи својства и век на траење) побрзо.

Со цел да се избегне односно да се редуцира овој товар, може да се преземат следните акции:

  1. Кај малите и large системи, како првична заштита од стагнација може да се употреби и лонче во кое кондензира формираната пареа во почетната фаза на стагнација. Истото се поставува неизолирано, на проширување на цевката, под автоматскиот воздушен вентил на највисокиот дел од колекторите ( Црт.1).


    Црт.1

  2. Колекторот се поставува со поголем агол на наклон, не само со цел редуцирање на прегревањето и намалување на бројот на стагнации во лето, туку и зголемување на ефикасноста на истиот во зимски услови на работа.
  3. За време на празници и годишни одмори се отвораат неповратните вентили или пумпата работи континуирано деноноќно (регулирано со помош на дигитална диференцијална автоматика), со што бојлерот се подладува ноќе - додатна потрошувачка на електрична енергија.
  4. Кај drainback системите со исклучување на пумпата со што се овозможува собирање на соларниот флуид во додатен drainback сад (Црт.2)


    Цртеж 2

  5. Ако е можно, вишокот на топлина се користи за загревање на базен и сл. Ако тоа не е можно, тогаш вишокот на топлина се упатува кон топински изменувач ( радијатор, регистар, бакарен котур, термоконвектор и сл.) кој е сместен на подкровје, во подрум или топлината се предава на друг медиум, од каде понатаму може да се искористи.

 

 

Loading...

 Close

Click to enlarge