Профил на компанијата

Euroterm Solar е дел од Eurotem Group. Групацијата започна со својата дејност од 1986 год. како инженеринг компанија во областа на сончеви системи, системи за централно греење и климатизација.

Гледајќи кон иднината и согледувајќи го нашето искуство и знаење, одлучивме тоа да го ставиме во функција на ново и ефикасно производство на производи во областа на обновливите извори на енергија. Ние ги користиме нашето долгогодишното искуство за развојот на сопствените производи, кои најдобро ќе ги задоволат потребите на нашите клиенти.

Со користење на најновата технологија, како и на способноста за развој и иновации во областа на соларната енергија, ние произведуваме и продаваме производи кои се по највисоките стандарди во индустриското производство на термални сончеви колектори.

 

Зошто Euroterm Solar?

  • Производи со висок квалитет, а многу прифатлива цена
  • Најдобри во оваа класа на производи со 10 годишна гаранција
  • Во согласност со сите меѓународни стандарди
  • Определба да се произведуваат еколошки производи
  • Специјализирани решенија дизајнирани за конструктори, организации и индустриски проекти
  • Производи од домашно производство и со атестиран квалитет

Euroterm Solar нуди одлични соларни системи како и обезбедување на најдобри перформанси, добиени со многу компаративни тестови и проверки. Производите имаат Solar Keymark сертификат, тестирани и потврдени од реномирани лаборатории како SPF Институтот а сертификациони под DIN CERTCO. Euroterm Solar е доверлив производител на сончеви колектори, и за OEM компании кои бараат вклучување на најдобри сончеви термални решенија во нивниот асортиман на производи под сопствен бренд, или ќе користат само наши абсорбери во нивните колектори.

 

Нашата мисија

Нашата мисија е едноставно да понудиме краен производ - термални соларни колектори со постојан квалитет и најповолни цени, како и сигурно и навремено исполнување на сите обврски кон нашите клиенти.

Фактот дека Euroterm Solar е првиот производител на соларни колектори со ултразвучно заварување по цела површина во регионот на Балканот, ни дава дополнителен мотив, нашата мисија да биде континуиран развој, со цел на постигнување на супериорни производи со признати карактеристики, како и со поволна цена за нашите клиенти.

 

Нашата визија

Висок квалитет на сончеви колектори по пристапни цени за сите, како и се поголемо користење на сончевата енергија во секое домаќинство. Euroterm Solar како компанија е ориентирана кон иновации и квалитет, и постојано унапредување на технологијата на производство.

 

Деловната филозофија

"Ние правиme квалитет"

Квалитетот е од суштинска важност за задоволството на клиентите. Управувањето со квалитетотот е вклучен во врвниот менаџмент и е индикатор на континуираниот развој. Системот за управување со квалитет е сертифициран во согласност со ISO 9001:2008.

 

Loading...

 Close

Click to enlarge